среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Законите за Коридорите кои СДС и ДУИ сакаат на брза лента да ги изгласаат го дерогираат правото и стимулираат незаконие

ВМРО-ДПМНЕ: Законите за Коридорите кои СДС и ДУИ сакаат на брза лента да ги изгласаат го дерогираат правото и стимулираат незаконие

Законите за Коридорите кои СДС и ДУИ сакаат на брза лента да ги изгласаат го дерогираат правото и стимулираат незаконие. Со законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ се овозможува при изградбата на Коридорите да бидат обештетени и дивоградбите кои ќе се најдат на трасата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ овозможуваат буквално да бидат легализирани дивоградби кои сега ќе бидат изградени, само со цел потоа да бидат обештетени.

СДС и ДУИ стимулираат незаконие и овозможуваат расипничко трошење на народни пари во милионски износ.

Со секој обид за своите незаконитости да се правдаат со Бехтел и Енка само покажува колку всушност се заглавени во калта, па незнаејќи како да излезат вмешуваат странски фирми.

Самите СДС и ДУИ го минираат проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д. И СДС и ДУИ со својата нетранспарентност го загрозуваат јавниот интерес, а тој е највисок, и не може да има повисок интерес, бидејќи граѓаните се тие кои го плаќаат проектот, и тие треба да знаат како се трошат нивните пари“ – се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести