сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кварацхелија им се обрати на навивачите на Наполи

Кварацхелија им се обрати на навивачите на Наполи

Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Квича Кварацхелија по ремито со Милан (1:1) синоќа во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите им се обрати на навивачите.

Наполитанците беа елиминирани од турнирот, а Грузиецот промаши пенал за израмнување на петнаесетина минути пред крајот.

– Тешко ми е да ги видам вашите очи полни со солзи, сфаќајќи дека не можам да ти донесам среќа. Ќе дадам се од себе да научам од денешното искуство. Длабоко ми е жал и апсолутно благодарен за вашата поддршка, која ја чувствувам секоја секунда! Ве сакам сите и ветувам дека ќе се вратиме посилни! Претстојат многу натпревари, па сонот продолжува“, напиша Квича на социјалната мрежа.

Екипата на Милан се пласираше во полуфиналето, бидејќи на првата средба победи со 1:0. Следен противник на Росонерите ќе биде победникот од мечот Интер – Бенфика (2:0 прв натпревар).