среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Легендата на Бетис Хоакин оди во пензија на крајот на сезоната

Легендата на Бетис Хоакин оди во пензија на крајот на сезоната

Легендата на Реал Бетис и на шпанскиот фудбал, Хоакин потврди дека се повлекува од фудбалот на крајот на сезоната на 41 година. Хоакин во 2005 со Бетис го освои Копа дел реј, по што играше во Валенсија, Малага и Фиорентина, пред да се врати во клубот од Севилја во 2015 година.

„Сакам да кажам дека моето време заврши. Време е да откријам дека ова е мојата последна сезона како игра на Реал Бетис. Ова не е збогување, туку само ‘се гледаме наскоро’, бидејќи ќе бидам покрај вас цело време, бранејќи го мојот живот, бидејќи Реал Бетис беше мојот живот. Ќе живеам на поинаков начин, но со исто чувство и со иста радост како сите овие години“, вели Хоакин.

Тој вкупно имаше 521 настапи за Бетис, постигнувајќи 68 гола.