недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона му нуди двегодишен договор на Меси

Барселона му нуди двегодишен договор на Меси

Раководството на шпанскиот фудбалски шампион Барселона работи на враќањето на Лионел Меси на „Ноу Камп“, објавија каталонските медиуми.

Аргентинецот пред две сезони замина од клубот, кој поради финасиските проблеми не можеше да му понуди нов договор.

По две сезони поминати во ПСЖ, се очекува Меси на лето да биде слободен играч и повторно да се врати во Барселона.

„Мундо Депортиво“ пишува дека, доколку го доведат Меси, Барселона би ги зголемила приходите за најмалку 25%

Во последната година кога Меси беше во Барселона, клубот заработи меѓу 250 и 300 милиони евра само поради тоа што тој го носеше дресот на Барса.