Грчката полиција како главен осомничен за пожарите во Атика уапсила 65 годишен маж .
Мажот, чиј идентитет не е објавен, наводно е жител на град во северниот дел од Атика.Според зборовите на неговите соседи, и во минатото тој палел ѓубре и суви гранки, а пред обвинителството сведочеле девет лица кои го сметаат за одговорен за предизивикување на пожарот.
Осомничениот наводно палел трева и суви гранки на ридот над градот кога огнот брзо ја зафатил и останатата вегетација. Поради високите температури и силните ветрови, огнената стихија брзо се проширила.
Телевизијата Скај пренесува дека откако сфатил каква размери добива огнот, а особено по трагичниот биланс, осомничениот маж се обидел да ги прикрие трагите со земја и вода на почетната точка каде бил предизвикан пожарот.