недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Алегри: Ова е прекрасен ден за Јувентус

Алегри: Ова е прекрасен ден за Јувентус

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус остана непоразен на гостувањето кај Спортинг во Лисабон, а ремито од 1-1 му овозможи пласман во полуфиналето на Лига Европа во кое ќе се соочи со Севилја која пак го декласираше Манчестер Јунајтед со 3-0 на „Рамос Санчез Писхуан“.

Овој резултат како и позитивната вест која Јуве ја добие во однос на 15 поени кои му беа вратени во Серија А донесе радост и задоволство кое не го криеше тренерот Масимилијано Алегри кој порача:

-Ова е прекрасен ден. Ова беше добар настап, особено во второто полувреме, но мора да бидеме подобри во завршницата. Момците се однесуваа добро и имавме малку среќа, -рече Алегри за „Скај Спорт Италија“ и додаде:

-Ова е ден во кој ни ги вратија 15 поени, сега мора да се фокусираме на Серија А, бидејќи во последно време загубивме доста поени. Ние мора да ја консолидираме нашата позиција во Топ 4, -истакна стратегот кој не е изненаде што Севилја е нивен ривал во полуфиналето.Очекував да биде Севилја, бидејќи тие се силен тим и веќе освоија многу трофеи на Лига Европа, -завши предводникот на „бјанконерите“.