На 22.04.2023 во 01.50 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода бил лишен од слобода Ш.У.(34) од Скопје поради тоа што околу 01.00 часот во домот со стаклен предмет физички го нападнал неговиот 28 годишен брат и му се заканувал со остар предмет, информира МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.