Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.
Согласно последната одлука, цената на бензинот БС-95 се намали за 2,50 денари, додека на бензинот БС-98 се зголеми за 2 денари.
Цените на дизелот, мазутот и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) останаа непроменети.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,409 (денари/килограм)