среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Георгиевски: Најубавото „збогум“ од репрезентативниот дрес ќе биде со победa и пласман на ЕП

Георгиевски: Најубавото „збогум“ од репрезентативниот дрес ќе биде со победa и пласман на ЕП

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во хотелот на „Александар Палас“, како почеток на подготовките за квалификациските натпревари против Луксембург и против Турција за пласман на ЕП 2024.

Искусното крило Гоце Георгиевски е повторно дел од националниот тим, а овој циклус ќе му биде и последен во репрезентативниот дрес. Тој ќе се збогува на мечот против Турција во Скопје.

„Ова е мојата финална одлука, ги играм двата последни натпревари за репрезентацијата. Мислам дека е исправна одлука, дека има доста квалитетни играчи во тимот за добра иднина. Подготвен сум за овие два дуела, сега сум ОК, но ќе видиме во среда и недела, тогаш емоциите сигурно ќе бидат посилни и поинакви. Најдобар начин да се простам со репрезентацијата е со победа и пласман на Европско првенство, сигурен сум дека тоа ќе го оствариме“ изјави Гоце Георгиевски.