среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Миовски повторно со гол за Абердин и победа над големиот Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

Миовски повторно со гол за Абердин и победа над големиот Глазгов Ренџерс (ВИДЕО)

Во новиот натпревар од шкотската Премиер лигата Абердин пред своите навивачи на „Питодри“ стадионот со 2:0 го совлада големиот Глазгов Ренџерс.

Головите беа реализирани во второто полувреме, првиот беше дело на Лиам Скелс во 48 минута од мечот.

Вториот беше постигнат во 57 минута откако со убаво го глава македонскиот репрезенативец Бојан Миовски ја затресе мрежата на Алан МекГрегор за зголемување на предноста.

За нашиот напаѓач, кој го одигра целиот натпревар ова е 16 гол сезонава во шампионатот во 33 настап во дресот на Абердин.

Инаку ова е втор погодок за Миовски во дуелите со Ренџерс, првиот го имаше во полуфиналето од шкотскиот Лига куп.