Легендарниот фудбалски дефанзивец Пепе и во следната сезона ќе игра за Порто откако стави потпис на нов договор со португалскиот клуб.
Португалецот веќе има 40 години, но се уште игра на највисоко ниво и клубот не се мислеше многу за да ја продолжи соработката со него на уште една година.
Вчера тој и официјално стави потпис на нов договор со трајност до крајот на следната сезона.
„Секогаш ќе го давам најдоброто кога ќе го претставувам овој клуб“, изјави Пепе.