Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар ја предупреди Австрија да не продолжува да го троши трпението на нејзината земја во спорот за граничната контрола меѓу двете земји.
– Ако наскоро не се договориме, се плашам дека првата акција ќе биде сигнал до Европската комисија и соодветните понатамошни чекори во рамките на бриселската администрација, изјави Пирц Мусар, која е во официјална посета на Австрија.
По осум години постојано продолжување на рокот, Виена „немаше никако аргумент“ за гранични контроли. Словенија во последните години покажа „дека може да биде трпелива и сака да постигне решавање на проблемите на различен начин“, нагласи Пирц Мусар. Таа рече дека е „тажна што Австрија не го следи европското право по ова прашање“.
– Не сакам уште една летна сезона во која луѓето ќе седат во редици во своите автомобили, иако и Словенија и Австрија се во Шенген зоната и луѓето треба да можат непречено да ја минуваат границата, рече Пирц Мусар.
– Борбата против илегалната миграција може да се води со помалку драстични мерки, нагласи словенечката претседателка. (МИА)