вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Расчистени шест тешки кражби во Штип, украденото пронајдено, приведен крадец

Расчистени шест тешки кражби во Штип, украденото пронајдено, приведен крадец

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени мерки и активности, расчистија шест кривични дела „тешка кражба“ извршени од куќи на територијата на Штип во текот на март и април годинава.

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата од слобода бил лишен Е.Ј.(18) од Штип. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал делата.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.