петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шеикот Јасим и Сер Џим Ратклиф ги доставија последните понуди за купување на Манчестер Јунајтед

Шеикот Јасим и Сер Џим Ратклиф ги доставија последните понуди за купување на Манчестер Јунајтед

Шеикот Јасим понудил рекордна сума од над пет милијарди фунти, последна понуда доставиле и ИНЕОС груп предводена од Сер Џим Ратклиф.

Шеикот сака во целост да го купи Манчестер јунајтед, неговата сума од над пет милијарди фунти е рекордна за еден фудбалски клуб. Тие имаат доставено и план за идни инвестиции.

За разлика од нив, групацијата на Сер Џим Ратклиф сака да купи нешто над 50 проценти од акциите на клубот, како дел од сопственичката структура би останеле и сегашните сопственици Глејзерси, а удел би имале и Елиот Груп.

Во наредниот период Глејзерс ќе ги анализираат понудите и ќе одлучат која ќе ја прифатат. Појасна ќе биде сликата во текот на следната недела.