понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гарначо доби нов договор од Манчестер Јунајтед

Гарначо доби нов договор од Манчестер Јунајтед

Челниците на Манчестер јунајтед неодамна го потврдија продолжувањето на договорот со талентираниот Алехандро Гарначо, во кого гледаат идна ѕвезда на клубот, поради што тој истовремено доби забрана за настап на претстојниот младински Мундијал.

Аргентина е меѓу учесниците на Светското првенство за играчи до 20 години, но менаџерот на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг, порача дека Гарначо останува во Манчестер до крајот на сезоната.

„Гарначо нема да добие дозвола за првенството. Негова најважна мисија е постепено да го зголемува интензитетот на тренинзите, а ние потоа ќе направиме проценка кога би можеле да сметаме на него на натпреварите“, изјави Тен Хаг.