сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Заврши сезоната или заврши кариерата на Златан Ибрахимовиќ?!

Заврши сезоната или заврши кариерата на Златан Ибрахимовиќ?!

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ нема да се врати на терените оваа сезона, откако медицинските прегледи утврдија дека повредата на потколеницата која неодамна ја заработи е од посериозна природа.

Со оглед на тоа дека Швеѓанецот има 41 година, прашање е дали повторно ќе може да се врати на терените.

Неодамна на загревањето на натпреварот помеѓу Милан и Лече, Ибра почувствува болка во потколеницата, а по прегледите пристигнаа лоши вести кои наговестуваат дека сезоната за него е завршена.

Според последните информации од Италија, повредата е од посериозна природа и сосема е извесно дека нема да може да игра до крајот на сезоната, а тамошните медиуми се сомневаат дека ова е крај на една голема кариера.

– Златан Ибрахимовиќ е целосно „уништен“ по новата повреда која може да ја заврши неговата сезона. Што после? Се плаши да ја заврши кариерата и би сакал да продолжи да игра. Но, Милан не закажал разговори со него и ќе бара помлад напаѓач – пишува „Гаѕета дело Спорт“.