петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

„Нè разбуди шкрипење, а потоа почна превртувањето“: исповед на патник од автобусот што се преврте во Унгарија

„Нè разбуди шкрипење, а потоа почна превртувањето“: исповед на патник од автобусот што се преврте во Унгарија

Еден од патниците од автобусот од Србија што се преврте во Унгарија, го опиша страшното будење што го доживеал при превртувањето на возилото.

„Сите спиевме во автобусот, јас бев полузаспан, слушнав некое шкрипење, како да е фатен работ од патот. Потоа почна вртењето. Пожарникарите дојдоа навистина брзо и почнаа да ги извлекуваат повредените преку шофершајбната“, изјави Угљеша Саванов за Телеграф.рс.

Како што рекол, брзата помош и полицијата биле веднаш на терен.

„Потоа започна истрагата. Околу 7:30 сите бевме веќе пред автобусот. Возачите се добро, слушам. За среќа немаше многу повредени, на некои им беше укажана помош на лице место, некои се пренесени во болница“, рекол Угљеша.

Ниту еден од патниците кои се наоѓале во полниот автобус од Србија кој се преврте рано утрово во Унгарија не е повреден, а повеќето од нив го продолжиле патувањето кон дома. Несреќата се случила околу 5:30 часот, а еден од сопатниците бил и Угљеша Саванов (23).

Тешка сообраќајна несреќа се случила во саботата на автопатот 53 во Унгарија, во која 15 лица се повредени при превртување на автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград. Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи.