понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Серхио Перез триумфираше за ГН на Азербејџан

Серхио Перез триумфираше за ГН на Азербејџан

Серхио Перез е победник на трката за Големата награда на Азербејџан која денеска се возеше во Баку.

Возачот на Ред Бул вчера триумфираше во спринтот, па со денешното славје го комплетираше одличниот викенд, поточно уште еднаш потврди дека му годат уличните стази во Ф1 шампионатот.

Зад Мексиканецот беше актуелниот шампион Макс Ферстапен со што Ред Бул дојде до еден-два триумф во четвртата трка во актуелнава сезона. Шарл Леклер од Ферари беше трет со што дојде до првиот подиум, додека бодови освоија уште Алонсо, Саинц, Хамилтон, Строл, Расел, Норис и Цунода.

Ферстапан е прв во генералниот пласман со 93 поени, односно има шест повеќе од Перез, додека Алонсо е трет со 60 бодови.