петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонските ракометари со триумф над Турција обезбедија учество на ЕП 2024

Македонските ракометари со триумф над Турција обезбедија учество на ЕП 2024

Со триумф од 30:27 над тимот на Турција, во завршниот квалификациски натпревар, македонската машка ракометна репрезентација го обезбеди настапот на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија. Најдобрите македонски ракометари до победата стигнаа потешко од очекувањата.

И покрај константното водство во текот на целото прво полувреме, кое на моменти изнесуваше четири голови разлика – 7:3 и 9:5, турските ракометари со два погодоци во самата завршница успеаја да го изедначат резултатот на 15:15 и така да заминат на одмор.

Второто полувреме донесе поинаква слика на теренот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во корист на репрезентативците на Турција, кои со серија од три погодици влегоа во предност, која ја одржуваа до 55. минута, кога македонскиот тим, благодарение на одличниот голмам Мартин Томовски, прват се врати во водство со гол предност – 26:25.

По ова следуваа серија голови на Марко Митев, со кои избраниците на селекторот Кирил Лазаров успеаја да ја сочуваат предноста до крајот на натпреварот.

Завршниот гол од седум метри за конечен резултат 30:27 го постигна 36-годишниот Гоце Георгиевски, кому ова му беше последен настап во националниот дрес што го носеше изминатите 16 години.

Најефикасни во македонскиот состав беа Марко Митев и Жарко Пешевски со по пет голови, додека Томовски на голот запиша 15 одбрани.

Македонија го заврши настапот во квалификациската група 1 на второто место со четири победи и два порази и заедно со првопласираната Португалија обезбеди место на завршниот турнир во Германија.