петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Англија обезбеди место на ЕП, Србија на бод пред пласман на шампионатот

Англија обезбеди место на ЕП, Србија на бод пред пласман на шампионатот

Фудбалската репрезентација на Србија веќе 23 години чека да се израдува на пласман на Европско првенство, а сега е на чекор од реализација на оваа желба. Во дербито против соседот Црна Гора, фдубалерите на Србија во Белград победија со 3:1.

Александар Митровиќ даде два гола, а еднаш погоди Душан Тадиќ за голема радост на домаќините. Единствениот гол за Црна Гора го даде Стеван Јоветиќ.

Србија сега има 13 бодови од седум меча и е на посакуваното второ место, додека Црна Гора останува трета, но сега со само осум бода од шест средби. Во последното коло Србија дома игра против Бугарија и доволно е да не загуби за да биде дел од Европското првенство во Германија.

Место на континенталниот собир обезбеди Англија, откако со 3:1 славеше над Италија. Аѕурите први дадоа гол на „Вембли“ и тоа преку Скамака во 15 минута, за да 32 минута Хари Кејн од пенал израмни на 1:1.

Во вториот следуваа голови на Маркус Рашфорд и Кејн за  три бода на Гордиот Албион кој е сигурен лидер со 16 бодови, пред Украина со 13 и Италија со 10 бодови. Украина вечерва со 3:1 победи на гости кај Малта, па во последното коло Украина и Италија во меѓусебен дуел ќе решаваат за вториот патник на ЕП од оваа група.

Во останатите денешни меча: Финска – Казахстан 1:2, Литванија – Унгарија 2:2, Сан Марино – Данска 1:2, Северна Ирска – Словенија.