вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ансу Фати си оди од Барелона

Ансу Фати си оди од Барелона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Ансу Фати важеше за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но и натаму не е во преден план во оваа екипа.

Фати оваа сезона запиша само 16 настапи, но скоро сите беа само од клупите за резерви и вкупно на теренот помина околу 500 минути.

Агентот на Фати, Жорж Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе почнал да му бара нов клуб.

Мендеш веќе го понудил Фати на четири клуба од Премиер лигата, меѓу нив и Манчестер Јунајтед, кој минатото лето покажа интерес за талентот. На Барсселона и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка.

Каталонскиот клуб е спремен да го продаде, а за неговата слобода бара 50 милиони евра.