ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 2“ на улица „Раде Јовчевски Корчагин“ 31 н. Маџир Маало.
Корисниците без вода ќе бидат од 09:00 часот до завршување на дефектот.