среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стојкоски му го честита успехот на првакот Андреј Стојановски: Горд сум на него, тој е наш спортски амбасадор

Стојкоски му го честита успехот на првакот Андреј Стојановски: Горд сум на него, тој е наш спортски амбасадор

Честитки за шампионот на Државното првенство за сениори-пинг понг до 21 година, Андреј Стојановски од Ѓорче Петров, испрати градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

„Стојановски на само 14 години стана државен првак во пинг-понг на натпреварување што се одржа во Крива Паланка. Првпат во историјата оваа титула е освоена од страна на толку млад учесник кој се уште е во основно образование.

Горд сум на неговиот успех и на тоа што Стојановски е наш спортски амбасадор. Денеска во мојот кабинет поразговаравме за неговите следни предизвици и натпреварувања. Во план е општината да излезе во пресрет и да помогне за подигнување на овој спорт на повисоко ниво, како и за финансирање на турнири.

На средбата присуствуваше и неговата сестра Сара Стојановска која во повеќе наврати е исто така државен првак и учесник на повеќе меѓународни турнири, каде постигнува одлични резултати.

Општина Ѓорче Петров важи за спортска општина, а ние како локална единица во континуитет ги поддржуваме индивидуалците и клубовите. Во таа насока, планираме и подобрување на условите во спортските сали, како и помош при набавка на спортски реквизити„ – вели градоначалникот.