недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени двајца крадци, одземените предмети вратени на сопственикот

Приведени двајца крадци, одземените предмети вратени на сопственикот

По преземени мерки и активности, денеска (03.05.2023) полициски службеници од ЕВР Карпош лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека на 02.05.29023 одзеле повеќе предмети од магацин на правно лице на подрачје на Карпош и ги продале на С.Х.(48) од Скопје, информира МВР.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против тројцата ќе биде поднесена соодветна пријава.