вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Уапсен поранешниот светски боксерски првак Вајлдер

Уапсен поранешниот светски боксерски првак Вајлдер

Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија Деонтај Вајлдер бил уапсен во Лос Анџелес поради наводно поседување скриено оружје, јавија денеска американските медиуми, повикувајќи се на полициско соопштение.

Според медиумите, Вајлдер бил уапсен во понеделникот вечер во Холивуд поради непрописно затемнети стакла и прекриени регистарски таблички на неговиот Ролс Ројс. Полицајците при контролата почувствувале мирис на марихуана од внатрешноста на возилото во кое потоа пронашле пиштол со калибар 9 мм.

Вајлдер бил задржан во полициска станица неколку часа, по што во раните утрински часови во вторник бил пуштен со кауција од 35.000 долари.

Поранешниот светски боксерски првак бил „кооперативен“ во текот на целиот процес.