четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Е.Пелистер денес ќе ги пушти во продажба билетите за мега – дербито со Вардар 1961

Е.Пелистер денес ќе ги пушти во продажба билетите за мега – дербито со Вардар 1961

Денес ќе бидат пуштени во продажба билетите за мега – дербито во нашиот машки ракометен шампионат, во кој ќе се решава кој ќе биде шампион на Македонија и тоа меѓу Е. Пелистер и Вардар 1961.

Од Битола потврдија дека билетите за саботниот ракометен спектакл во салата “Боро Чурлевски“, ќе можат да се купат од утре после 16 часот.

Еден билет ќе чини 200 денари, а едно лице ќе може да купи најмногу три билети. Да потсетиме, дуелот меѓу Е.Пелистер и Вардар 1961 се игра во сабота во Битола со почеток од 19 часот