четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ВОЗНЕМИРУВАЧКА АУДИО СНИМКА ОД МАСАКРОТ: Серија рафали и врисоци на деца во училиштето во Србија

ВОЗНЕМИРУВАЧКА АУДИО СНИМКА ОД МАСАКРОТ: Серија рафали и врисоци на деца во училиштето во Србија

По масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, на социјалните мрежи се појави аудио снимка од масакрот, снимена од ученик кој и самиот бил сведок на трагедијата.

Звуците на смртта одекнале низ училиштето кога Коста К. уби осум ученици и еден член на обезбедувањето во рафален оган, а рани шест ученици и еден професор.

Во вознемирувачката аудио снимка прво се слушаат серија рафали со минимални паузи, а и врисоци на деца.