сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бајден предупреди за ризиците од вештачката интелигенција

Бајден предупреди за ризиците од вештачката интелигенција

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека компаниите со вештачка интелигенција имаат „фундаментална одговорност“ да ја осигураат безбедноста на нивните производи пред да им бидат понудени на корисниците.

Според соопштението од Белата куќа, Бајден „упаднал“ на состанокот со кој претседаваше потпретседателката Камала Харис , одржан со претставниците на четири водечки компании за вештачка интелигенција. „Претседателот и потпретседателката јасно ставија до знаење дека… постоечките и потенцијалните ризици што ги носи вештачката интелигенција за луѓето, општеството и националната безбедност мора да се нулираат“, се вели во соопштението.

Белата куќа јасно стави до знаење дека не се работи само за почитување на човековите права или приватноста, туку и за спасување работни места. „Претседателот Бајден се појави на средбата за да нагласи дека компаниите имаат основна одговорност да се осигураат дека нивните производи се безбедни пред да бидат во употреба.

Претставниците на администрацијата ги повикаа компаниите да бидат потранспарентни за карактеристиките на нивните производи, да создадат услови за тестирање на нивната безбедност и ефикасност и да обезбедат заштита од надворешно мешање. На состанокот беа поканети претставници од OpenAI, Anthropic, Microsoft и Alphabet. (МИА)