сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Јунајтед го враќа фудбалерот кој дојде како замена за Роналдо

Манчестер Јунајтед го враќа фудбалерот кој дојде како замена за Роналдо

Англискиот фудбалски тим Манчестер јунајтед нема да го продолжи договорот со Вут Вегхорст, пишуваат англиските медиуми.

Холанѓанецот на „Олд Трафорд“ пристигна како замена за Кристијано Роналдо, кој во зимскиот преоден рок се пресели во Ал-Наср во Саудиска Арабија, и одигра 26 натпревари, на кои постигна само два гола за Манчестер јунајтед.

Тој во Јунајтед пристигна на шестмесечна позајмица откако првиот дел од сезоната го помина во Бешикташ.

Управата на Јунајтед во летниот преоден рок ќе се обиде да ангажира елитен напаѓач и се споменуваат Хари Кејн од Тотенхем, Виктор Осимен од Наполи и Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт.