Американската спринтерка Ша’Кери Ричардсон истрча 10.76 секунди на 100 метри на митингот од Дијамантската лига во Доха и го сруши рекордот на митингот на нејзината сонародничка, 32-годишната Тори Боуви, која неодамна беше пронајдена мртва во својата куќа додека била бремена во седми месец.
Ричардсон постави најдобро време оваа сезона, победувајќи ги Јамајчанката Шерика Џексон (10.85) и Британката Дајна Ашер-Смит (10.98).