четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На авотпатот кај Миравци пронајдени 10 мигранти од Сирија и еден од Ирак

На авотпатот кај Миравци пронајдени 10 мигранти од Сирија и еден од Ирак

На автопатот А1, кај клучка Миравци, синоќа во 20.20 часот полицијата во патничко возило „ауди“ пронашла мигранти од Сирија и едно лице мигрант од Ирак.

Како што денеска информираа од МВР, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ дале знак за запирање на патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, но возилото не застанало.

– Набргу, возилото било запрено и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија и едно лице мигрант од Ирак, кои биле сместени во прифатно-транзитен центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, појаснуваат од МВР.