На 05.05.2023 во 13:30 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода К.В.(26) од Кочани.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и други предмети со остатоци од марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.