На 08.05.2023 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ш.(34) од Куманово.
Тој се сомничи дека влегол во приватен имот на улицата „Видое Смилевски Бато“ и одзел повеќе предмети.
М.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.