Ракометниот клуб Кил е во проблеми, бидејќи остана без Ерик Јохансон кој заработи сериозна повреда.
Левиот бек од Шведска доживеа повреда во победата над Хановер (33-23). Поради неа Јохансон го очекува отсуство до крајот на сезоната, па тренерот Филип Јиха нема да може да смета на неговите услуги.
Кил е водечки во Бундеслигата и води битка со Магдебург и Фуксе Берлин. Исто така, „зебрите“ ќе играат четвртфинален двомеч во Лигата на шампионите против екипата на ПСЖ.