сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети да престане да краде, време е ДУИ да оди во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети да престане да краде, време е ДУИ да оди во опозиција

Ахмети треба да биде свесен дека набрзо големиот брат ќе стане многу мал и заедно со неговиот подизведувач СДС ќе одат во опозиција. Затоа што 8 години печалат на грбот на народот со криминал и корупција!, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ живее од Албанците, а не за нив.

Со некаква лажна борба, зад која се кријат лични интереси си ја штитат власта. Колку повеќе владее ДУИ и СДС во државата, толку помалку народ има во Македонија. Колку повеќе Артановци на сцената толку помалку е среќен народот во Македонија.

22 години ДУИ е извор на скоро сите порази на државата.

22 години ДУИ е дел од сите афери, од сите скандали, од сите патења на народот.

Времето на крадење пари и крадење среќа завршува. За сите погрешни политики, за сите криминали одговорност ќе има.

Време е за пензија и опозиција.

А, тоа народот ќе го испорача на следните избори, се вели во соопштението на партијата

Најнови вести