Денес ракометната федерација на Македонија ги одреди судиите за претстојниот завршен турнир во Купот на Македонија кој од утре до сабота ќе се одржува во Охрид.
Очекувано, помеѓу судиите е и нашата најдобра судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Сепак, Начевски и Николов нема да го судат финалето, меѓутоа ќе делат правда на дербито помеѓу Алкалоид и Вардар.
Првото полуфинале во кое ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и Пролет ќе го судат Благојче Тодоровски и Димитар Митревски. Задолжени за финалето в сабота од 18:00 часот Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Финалето во женска конкуренција што ќе се одигра в сабота од 15 часот, ќе го судат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.
Полуфиналниот натпревар помеѓу Металург и Куманово им припадна на Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Лејла Јашар и Михаела Капсарева ќе судат на второто полуфинале помеѓу Вардар и Ѓорче Петров.