сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ТЕШКА ЖДРЕБКА за ракометарите – Франција и Германија во иста група со Македонија (ФОТО)

ТЕШКА ЖДРЕБКА за ракометарите – Франција и Германија во иста група со Македонија (ФОТО)

Македонската машка ракометна репрезентација откако неодамна успешно ги заврши квалификациите во група со Португалија, Турција и Луксембург, денес ги доби и противниците на Европското првенство во 2024 година.

На денешната ждрепка на која бевме сместени во третиот шешир немавме многу среќа и ја добивме групата „А“  во која од првиот шешир со нас ќе биде Франција, од вториот домаќинот Германија, а од четвртиот Швајцарија.

Натпреварите македонската репрезентација ќе ги игра во Берлин.

Eвропското првенство во Германија се игра од 10-ти јануари до 28-ми јануари.