недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барса го продаде Лука Дин на Евертон за над 20 милиони евра

Барса го продаде Лука Дин на Евертон за над 20 милиони евра

Раководството на Барселона соопшти дека постигнале договор со Евертон за трансферот на Лука Дин.

Францускиот лев дефанзивец преминува во составот на клубот за 20,2 милиони евра, плус 1,5 милиони бонуси, споделија од „Камп Ноу“.

Бекот помина две години во Барса, но не успеа да се избори во конкуренција со Жорди Алба.

Од „Гудисон Парк“, исто така го објавија договорот и пуштија слики на Дин со синиот дрес, откако вчера тој ги помина медицинските тестови.

Тој потпиша договор за пет сезони и ќе го носи дресот со број 12.