петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО: Да се пристапи со внимателност кон употребата на вештачката интелигенција во јавното здравство

СЗО: Да се пристапи со внимателност кон употребата на вештачката интелигенција во јавното здравство

Светската здравствена организација (СЗО) денеска повика на внимателност кога станува збор за употребата на вештачката интелигенција во јавното здравство, со образложение дека податоците што ги користи вештачката интелигенција за донесување одлуки може да бидат пристрасни или злоупотребени.

Од СЗО соопштија дека се „воодушевени со потенцијалот“ на вештачката интелигенција, но и дека има загриженост за тоа како таа ќе се користи за подобрување на пристапот до здравствени информации или како алатка за поддршка при одлучување и за подобрување на дијагностичката грижа.

Во соопштението се додава дека податоците што се користат за обука на вештачката интелигенција може да бидат пристрасни и може да генерираат погрешни или неточни информации, како и дека моделите може да се злоупотребат за да се генерираат дезинформации.