вторник, 26. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од Берово починал сечејќи дрва

Маж од Берово починал сечејќи дрва

На 31.07.2018 година околу 12.00 часот на место викано ,,Ормане – Царев Дол“, атар на Берово, Г.Ѓ. (51) од Берово, кој бил со повеќе лица меѓу кои и неговиот син, вршејќи сеча на борови стебла се здобил со повреди во пределот на главата.

Од страна на присутните му била пружена помош, по што со возило на Итна медицинска помош, поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Систина – Скопје, каде починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.