сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шеикот со последна понуда до безобразните Глејзери: Земи или остави!

Шеикот со последна понуда до безобразните Глејзери: Земи или остави!

Последна понуда пристигна до сопствениците на Манчестер Јунајтед за купување на клубот од Олд Трафорд, од страна на шеикот Јасим Ал Тани.

Во игра се уште е и половичниот пакет на Сер Џим Ратклиф, но по последниот потег на катарската групација, поизгледно е дека доколку семејството Глејзер сака да го продаде клубот, сега е вистинскиот момент.

Со оглед на тоа дека Ратклиф понудил да откупи 70% од клубот за 5 милијарди, а останатиот дел да биде во сопствеништво на семејството Глејзери, тие се уште размислуваат, но сега Ал Тани донесе одлука да понуди повеќе и тоа да биде црвена линија.

Според информациите, шеикот Ал Тани понудил преку 6,5 милијарди долари, што би бил рекорден износ за плаќање на еден фудбалски клуб во Европа.

Но потег се Глејзери, доколку сметаат дека треба да го продадат клубот, моментот е земи или остави.