четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од општините Карпош, Центар и Бутел денес без вода

Делови од општините Карпош, Центар и Бутел денес без вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека, на ден 18.05.2023 година (четврток), :

• Поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Козле бр. 95, од 10:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Козле и населбите: Трнодол , Жданец и Средно Нерези. (Општина Карпош)

• Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-150 мм на ул. Никола Парапунов, ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Никола Парапунов. (Општина Карпош).

• Поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка со пречник од 3/4 цола на ул. Свети Николска бр. 48 , од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Свети Николска, Охридска и Истарска. (Општина Центар) .

• Поради технички зафати во Резервоарот за питка вода – Љубанци, од 10:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селото Љубанци. (Општина Бутел)