среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави: Презадоволен сум, би останал во Барса до крајот на животот

Чави: Презадоволен сум, би останал во Барса до крајот на животот

Тренерот на Барселона Чави Хернандез зборуваше на прес-конференцијата пред натпреварот со Реал Сосиедад.

Новиот шампион на Шпанија стигна до 27. титула во историјата и ја прекина тригодишната доминација на мадридските тимови.  Чави беше запрашан од новинарите за неговото гледиште околу тековната сезона, на што тренерот возврати со големо задоволство и беше навистина среќен од успехот на својот тим.

„Сто пати сум кажал дека за мене Барселона е мој дом. Тука израснав, созреав како играч, освоив сè што можев, а сега ја имам и честа да сум тренер на овој славен клуб. Имавме страшна сезона, успеавме да се издигнеме во многу тешка година за Барса и да се закитиме со трофејот.  Примера за нас професионалците е премногу важно натпреварување. Знам дека навивачите беа разочарани по елиминацијата во Лигата на шампионите, но да ја освоиш титулата во ваква конкуренцина е навистина голем подвиг. Јас сум презадоволен и мислам дека би можел до крајот на животот да останам овде. Секогаш ќе бидам достапен и расположен за Барселона“, изјави харизматичниот тренер на каталонскиот гигант.

Барселона успеа да ја освои титулата во Примера на пет кола до крајот. Каталонците сосема заслужено стигнаа до 27. шампионски трофеј во историјата, а нивната одбрана беше навистина фантастична и досега прими само тринаесет голови. Со неколку квалитетни засилувања, Барса може догодина повторно да биде сериозен фактор во Лигата на шампионите, но тоа ќе зависи од финансиската стабилност на клубот.