вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалерите на Вардар шампионски пречекани на плоштадот во Скопје (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вардар шампионски пречекани на плоштадот во Скопје (ВИДЕО)

После две години играње во Втората македонска фудбалска лига, играчите на Вардар од следната сезона се враќаат во ПМФЛ, откако во бараж натпреварот кој се одигра во Кавадарци со убедливи 3:0 го победи тимот на Скопје.

Како што и беше најавено по завршувањето на мечот во Кавадарци, фудбалерите на тренерот Бобан Грнчаров со панорамски автобус, следени од црвено – црниот караван, пристигнаа на Плоштадот во Скопје.

Многубројни навивачи на најтрофејниот клуб во Македонија ги пречекаа своите херои да го прослават враќањето во фудбалската елита.