недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи нуди 80 милиони евра за Влаховиќ

Челзи нуди 80 милиони евра за Влаховиќ

Лондонски Челзи сака ова лето да го донесе во своите редови напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, и за услугите на српските репрезентативец е подготвен да плати 80 милиони евра.

Влаховиќ минатиот јануари прејде од Фиорентина во Јувентус за 81.6 милиони евра и договорот со клубот од Торино го врзува во следните три години.

Србинот постигна 23 голови на 62 натпревари во сите конкуренции, но не добива постојано шанса од тренерот Масимилијано Алегри.

За поранешниот фудбалер на Партизан заинтересирани се и Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.