вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Иџе: Оваа победа е за мојата Македонија!

Иџе: Оваа победа е за мојата Македонија!

Македонскиот автомобилист Игор Стфановски- Иџе продолжува да реди успеси. На трката на патеката „Рампа да Фалпера“во Брага, Португалија го освои првото место. Иџе повторно покажа кој е најдобриот, бидејќи продолжи со победите во ФИА европскиот шампионат во ридско-брдски патеки.

Иџе со неговиот автомобил „Hyundai i30 TCR“ постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од најблискиот конкурент за првото место. На втората позиција се најде О`Плеј од Италија (2:15.414), а третопласиран е Германецот Ервин Бак (2:16.912).

Прв  стигна на трката во Брага и  со тоа стигна до титулата во овој шампионат.

– Оваа победа е за мојата Македонија – стои во фејсбук објавата на Иџе со кој се гордеат љубителите на автомобилизмот.