СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“.
Во текот на 2022 и февруари 2023 година, пријавената остварила средба со две лица од Гостивар и гостиварско и од нив земала по 1.000 евра под изговор дека може да им посредува за добивање работна виза во Германија.
Таа не им обезбедила визи и не им ги вратила парите, а откако била пријавена, полициски службеници ја лишиле од слобода и ѝ е поднесена пријавата.