среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Битола ќе „гори“: Објавени сите детали за прославата на шампионската титула на Еурофарм Пелистер

Битола ќе „гори“: Објавени сите детали за прославата на шампионската титула на Еурофарм Пелистер

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Тиквеш ќе се одигра в сабота, на 27 мај, од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а во него Еурофарм Пелистер ќа ја слави шампионска титула на која чекаше 18 години.

Од битолскиот клуб сега ги објавија сите детали за текот на прославата, а навивачите ќе имаат прилика со билетот да добијат и зелена шампионска маичка.

„Билетите за натпреварот ќе се продаваат почнувајќи од петок, 26 мај, од 15:00 часот на повеќе пунктови пред спортската сала „Боро Чурлевски“. Во билетот, по цена од 250 денари, ќе биде вклучена и зелена шампионска маичка, која ќе се добива при секој купен билет.Ве молиме да ја понесете со себе и да ја „обоиме“ спортската сала во зелено за време на натпреварот.Носителите на сезонски билети на посебен пункт пред салата од петок 15:00 часот ќе може да ја подигнат шампионската маичка.Ве молиме в сабота попладне најдоцна до 17:30 часот да ги заземете своето место во спортската сала „Боро Чурлевски“.