вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице барано со централна потерница

Приведено лице барано со централна потерница

Денеска (25.05.2023) во 14:30 часот на ул.„Крсте Асенов“ од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје бил лишен од слобода Н.М.(58) од Скопје.

За него била распишана централна потерница со која се барал по наредба од Основен кривичен суд – Скопје како осудено лице на казна затвор од две години за сторено кривично дело по чл.383 од Кривичниот законик.

Тој ќе биде предаден на надлежната казнено – поправна установа.