четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Де Варгас ја менува Барселона за Кил?

Де Варгас ја менува Барселона за Кил?

Германскиот ракометен гигант  Кил го ангажира Венсан Жерар како замена за Никлас Ландин за следната сезона, но веројатно нема да смета на него на долг рок. Според пишувањата на шпанските медиуми, голманот Гонсало Перез Де Варгас е на мета на овој тим.

Шпанскиот репрезентативец има договор со европскиот првак Барселона до 2025 година, а дали Кил е подготвен да плати оштета за да го донесе порано во своите редови, ќе биде познато наскоро.

Жерар и Чехот Томаш Мрква ќе го сочинуваат голманското дуо на Кил следната сезона, но Де Варгас би можел да се пресели во Германија од летото 2024 година.